А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Штип традиционално одбележан празникот Богојавление-Водици

by А1он19/01/2015 - 13:34244
Share0

Во Штип традиционално Свети крст на големиот православен празник водици се фрла на две локации.

Добивај вести на вибер

Брегалничката епархија годинава донесе одлука наместо во Градскиот базен, крстот да се фрла од Камениот мост на реката Брегалница. На оваа локација 30 тина момчиња скокнаа по светиот крст, а го фати Горан Јовевски.

-Скокам по петти пат и пета па среќа. Нека е среќна и бериќетна 2015 година на сите, рече Јовевски.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион кој чиноначалствуваше на светата литургија и го фрли крстот во водите на реката Брегалница од Камениот мост им го честиташе празникот Богојавление-Водици на православните верници.

-На момчето кое го фати крстот нека му е честито, нека е жив и здрав и на сите оние што скокнаа по Светиот крст. Знаеме дека претходно, светите браќа Кирил и Методиј крштеваа во водите на Брегалница и тие ги осветија овие води, вели г.Иларион.

Во старата населба Ново село во Штип по Светиот крст скокнаа 20 тина момчиња, најуспешен беше Мите Костов, кој по вторпат успева да го фати крстот.

-Во 2008 година првпат скокав и за првпат го фатив крстот цела година ми беше среќна. Ова ми е вторпат и само нека дава Господ здравје и среќа, рече Костов.

Момчињата кои го фатија крстот на двете локации во Штип имаат право да го носат по домовите на штипјани до 27 ми јануари, кога завршува празнувањето на Богојавление, а потоа треба да го вратат во црквите.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион на момчињата им врачија и пригодни подароци, меѓу кои библија и икона.

stipvodici

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен