Либиската армија објави прекин на огнот, за да ги олесни преговорите во Женева за уредување на конфликтот, што се разгоре во земјата по падот на Моамер Гадафи.
Прекин на огнот пред два дена објави и вооружената група „Фаџр Либија).
– Генералштабот на либиската армија објави прекин на огнот на сите фронтови, што ќе стапи во сила денеска на полноќ, се наведува во коминикето.
Во текстот се наведува дека примирјето „не се однесува за операциите, водени од терористите“, кои армијата ги нарекува радикални исламски милиции.