„Цибона се посрамоти на отворањето на АБА лигата“ – со ваков наслов осамна најпознатиот хрватски портал dnevnik.hr во неговот спортско издание „гоол“ по вчерашната победа на МЗТ над големиот фаворит Цибона.
Дневник хр пишува: „ По првите десет минути се чинеше како тимот на Вељко Мршиќ без поголеми проблеми ќе го одиграат овој натпревар и ќе запишат победа, меѓутоа се се промени во другата четвртина кога Македонците ја завршија со уверливи 26 -11. Ни во третата четвртина Цибона не успеаа да се врати од минусот. Македонците без поголеми проблеми до самиот крај одржаа предност“.
„Македонците ја шокираа Цибона“ пишува пак Index.hr. Кошаркарите на Цибона запишаа пораз од дебитантот во регионалната АБА лига, пишuva порталот, кој како поднаслов има ставено Дејвис ја уништи Цибона, алудирајќи на тоа дека Дејвисбеше најдобар во тимот со 21 поен.
Дека македонскиот тим ја шокираше Цибона, пишува и Јутарни, во своето интернет издание.
МЗТ ја изненади Цибона, но и самиот себе – пишува Вечерни лист. „Оваа победа многу ми значи, како мал навивав за Цибона. кој би можел да замилси дека ќе го победат овој клуб, акко тренер на друг клуб“ – ја пренесуваат изјавата на тренерот Александар Тодоров. Но и онаа на Тоше Гечевски „ Немаме никакви императиви за оваа сезона. наша цел е да завршиме меѓу 8 и 11 местто и да покажеме дека и во Македонија се игра добра кошарка. Не влеговме опуштено, но ниту пак очекувавме дека ќе победиме“