Воени патроли во Брисел и Антверпен

Од:

По улиците на Брисел и Антверпен од денеска освен полицијата ќе патролираат и војници, соопшти белгиската сојузна Влада.

Во соопштението се наведува дека врз основа на предлогот на министерот за одбрана и шефовите на безбедносните служби, почна мобилизација на 300 војници, чија задача ќе биде да и се најдат при рака на полицијата во случај на судири со терористите.

– Војската има задача да ја надгледува ситуацијата и во случај на потреба да послужи на полицијата како засилување, порача белгиската Влада.

Оваа мерка е воведена два дена откако полицијата во серија рации ширум Белгија уби две лица, а уапси 13 под сомнение дека подготвувале напади врз полициска станица и патроли.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски