ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да каже од кој имот остварува закупнина од 700 евра

Од:

Портпаролот на опозициската СДСМ Петре Шилегов, наместо да се занимава со договори за закупнина на други лица кои законски и уредно го пријавиле својот имот и приходите кои ги остваруваат од него, да објасни зошто информациите кои ги поднел во неговиот анкетен лист не соодветствуваат со пријавените податоци во Агенцијата за катастар на недвижности, побара ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот Александар Стојкоски, Шилегов во својот анкетен лист покрај другите луксузи, имоти и приходи, навел дека под ставката други приходи добива месечна закупнина од имот на брачен другар во висина од 43.000 денари, односно околу 700 евра.

Во анкетниот лист на Шилегов, додада тој, пак, воопшто не е наведено дека неговата сопруга поседува каков било недвижен имот и прашува како е возможно да добива приходи од имот на брачен другар на име закупнина, кога неговата сопруга не поседува никаков недвижен имот.

– Ова е пример како работи господинот Шилегов. Тој добива месечно 700 евра од извор кој не е пријавен и не постои во двете надлежни државни институции, во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Агенцијата за катастар на недвижности. Го повикуваме Петре Шилегов да излезе во јавноста и да каже од кој имот на неговата сопруга добива 700 евра месечна закупнина, вели Стојкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик