(ВИДЕО) Динески: ВМРО-ДПМНЕ има од што да се плаши

Од:

„Што и се случува на Битола во последните години, ги нема ветените проекти, за тоа што го ветија им требало уште време, ги фатило светска криза, немале пари.

Испаничени од митингов, Талевски и компанија од утре ќе почнат да поставуваат камен темелници, ама знаат битолчани дека се е „лук и вода“, досега Талевски имаше време да направи нешто, а само блокирани сметки во училиштата и корупцијата останаа зад него. Ајде Талевски кажи, каде отидоа парите на битолчани“?

Вака се обрати кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, Менде Динески кој рече дека Битола мора да живее повторно без притисоци, веќе никој да не смее да живее во страв и незивесност, да оди со наведната глава.

„Битолчани бараат правда-целосна ревизија на Талевски и екипата, граѓаните мораат да знаат каде отидоа нивните пари“, рече Динески.

Тој се заложи за транспарентна локална власт , сервис за граѓаните, развој на Битола, без репресии и заплашувања, без казни и арач за бизнисот, наместо предизборно копање на улиците најави дека ќе го реши трајно проблемот со улиците, дека ќе развива туризам на Пелистер и селскиот туризам.

„Не чека тешка политичка пресметка, актуленото раководство во Битола има од што да се плаши, никој не може да оди спротивно од вољата на граѓаните. Колку побргу ќе оди промената овде, толку побргу ќе се случат во цела држава“, рече Динески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он