Претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис ги повика сите граѓани да се солидаризираат со Томислав Кежаровски и неговата голгота.
Според Чаусидис недозволиво е невин човек да одговара за пишан збор со кој се демаскира работењето на институциите и злоупотребата на моќта од позиција на власт.
Чаусидис уште еднаш повтори дека борбата за слободно и професионално новинарство е на сите а затворот за Кежаровски е затвор за сите новинари.
„Кежаровски е невин и објави информација дека некој од позиција на моќ ја злоупотребувало својата позиција да фалсификуваат изјава на лажен сведок. Кежаровски е осуден затоа што на луѓњто сакаше тоа да им го каже. Кежаровски е осуден заедно со целото новинарство. Во име на синдикатот и сите медиумски организации ве повикаувам и новинари и колеги и пријатели и роднини и јавност да се солидаризираат со борбата за професионално новинарство и критично новинарство кое ќе ја разобличува власта“, изјави Тамара Чаусидис.