Белгиските служби за безбедност утрово завршија со антитерористичката акција во која две осомничени лица беа убиени, а извесен број уапсени, соопшти министерот за надворешни работи Дидие Рејндерс.
– Операциите на терен се завршени и сега се собираат информации, изјави министерот.
Полицијата синоќа изврши серија рации во западното предградие на Брисел, Ајндховен и гратчето Вервие во близина на границата со Гермнаија при што разби група џихадисти кои планирале терористички напади.
Двајца осомничени се убиени во размената на оган со полицијата во Вервие, а еден човек е ранет.
Белгиските власти претходно наведоа дека терористите подготвувале напади слични на оние кои џихадистите ги извршија минатата недела во Париз, но белгиските групи не биле директно поврзани со француските џихадисти.
Телевизијата Ер-Те-Ел јави дека терористите планирале напади врз автобус од градскиот транспорт, додека весникот Дерниер јор тврди дека цел на терористите бил удар врз полицијата, најверојатно штабот на федералната полиција во Брисел. Весникот Тејд објави дека синоќа била спречена непосредна закана од напад, но опасноста не е целосно надммината. Полицијата добила закани од други џихадисти кои се заканиле со напади врз силите на редот.