Компанијата „Гугл“ (Google) почна разговори со поголемите светски производители на автомобили и формира мрежа на дистрибутери со цел да го забраза својот проект комерцијализација на автомобилите без возач до 2020 година, изјави Крис Урмсон, еден од претставниците на програмата.
Меѓу производителите се „Џенерал мотрос“, „Тојота“, „Дајмлер“ и „Фолксваген“.
Компанијата се уште нема одлучено дали сама ќе ги произведува автомобилите или повеќе ќе обезбедува системи и софтвери за производителите.
„Гугл“ набрзо ќе почне и со тестирање на прототиповите на новите возила.