Одлуката на Апелациониот суд во Скопје со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор е неправична. Се казнува невин новинар само затоа што објавил два новинарски текстови, со кој открил злоупотреба на јавните институции. Македонските граѓаните имаат право да ги знаат овие информации затоа што се од голем јавен интерес. Тоа во суштина е улогата на медиумите во едно демократско општетство.
Казната затвор за Кежаровски е казна за слободата на новинарите и на медиумите. Европскиот суд за човекови права во Стразбур смета дека казна затвор против новинар, освен за говор на омраза и потикнување на насилство, е прекумерна мерка и ги одвраѓа новинарите да истражуваат за прашања од јавен интерес, реагираше на својот Фејсбук проофил претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Казната против Кежаровски е неиздржана оти тој не откри идентитет на заштитен сведок. Идентитет на некоја личност соддржи цело име и презиме, нешто што не е случај во обајвените текстови на Кежаровски.
Оваа одлука е апсурдна бидејќи прогласувањето на загрозен сведокот се случува една година откако Кежаровски ги објавил неговите приказни. Ако тука има вина, тогаш таа е на обвинителството и полицијата. Како е можно да прогласувале за загрозен сведок лице кое претходно бил компромитиран?!
Заради сите овие причини се сомневам дека оваа одлука е политички мотивирана. Власта со неа сака да направи урамниловка во стилот ем волкот сит, ем овците на број. Кежаровски да се казни, да не го пратат во затвор и останатиот дел од казната од три месеци да ги одлежи во домашен притвор.
Ние немаме намера да се помириме со ваквото пазарџиско однесување на судот на сметка на нашите права и слободи, како што се слободата на говорот и на информирањето, загарантирани во македонскиот устав.
Казната затвор за Кежаровски треба да ги застрашува сите македонски новинари и да ги одвраќа од намерата да истражуваат за злоупотребите на јавните институции. Ако власта имаше таква намера тогаш не ја постигнаа целта. Ние не се исплашивме и како никогаш порано сме солидарни со нашиот колега Кежаровски. За нас слободата на Кежаровски е безусловна. Таа е и наша слбода. Ние сме сите Кежаровски, напиша Селмани.