(ВИДЕО) Градишки: Уставниот суд е највиновен за противуставниот закон за образование

Од:

На денешниот симболичен протест пред Собранието, освен студенти и граѓани дојдоа и професорите.

-Се работи за реформа која е контрауставна, која е контра конституантата на Македонија. Нема дилема, не може да се полемизира со никого за противуставна реформа.

Според професорката Градишки Владата има голема одговорност за оваа реформа, но како главен виновник таа го посочува Уставниот суд.

– Поголема вина за оваа ситуација носи Уставниот суд на РМ што не собра сила да покаже респект за начелото на легалитетот на кое почива секоја држава која претендира да биде правна држава., рече професорката Градишки од Правниот факултет на УКИМ.

Таа во 2011 година кога се донесе новиот закон за високо образование поднесе оставка на местото сенатор во Универзитетскиот сенат, кога дел од професорите укажуваа и протестираа дека се прави упад во автономијата на Универзитетот.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот