Навивачката група на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, позната како Фемили Аеродорм, денеска на пладне биле вратени од хрватската граница.
Навивачката група на МЗТ, тргна во сопствена режија од педесетина луѓе на пат за Загреб, каде сакаа да го бодрат својот тим на денешниот натпревар против кошаркарскиот клуб Цибона, првиот во АБА лигата.
А1 неофицијално дознава, дека навивачката група на граница добила објаснување дека нема да ги пуштата да го продолжат своето патување, бидејќи во себе немале доволно пари во готово, односно 50 евра “ кеш“ за секој ден што ќе го поминат таму.
Иако добро позната е забраната за гостински навивачи во АБА Лигата, сепак навивчите на МЗТ Скопје попознати како Фемили Аеродром со едно комбе и неколку коли во бројка од педесетина луѓе тргна за Загреб за да присуствуват на првиот историски натпревар во АБА лигата и да ја дадат својата подршка за својот тим на натпреварот против Цибона во салата „Дражен Петровиќ“.