Жителите на пустина во Саудиска Арабија за прв пат во животот имаа можност да видат снег. Сите светски медиуми ја пренесоа веста за тоа дека паднал снег во пустина, а фотографиите го одземаат здивот.
Сепак ова не е светско чудо, бидејќи метеоролозите објаснија дека ладен воздух од Русија се движи кон Саудиска Арабија, што создаде можности и жителите на ова подрачје да ги доживеат зимските радости.
Инаку и покрај тоа што повеќето од нив поради снегот беа принудени да ги напуштат своите шатори, тие се пресреќни поради тоа.
-Ова е подарок од Господ. Меѓутоа ние сме ограничени поради овие временски услови. Камилите се исцрпени и лежат – велат мештаните и додаваат дека се среќни, бидејќи по снегот ќе изникне трева.
Е. Г.