Илир Мета наредната недела во посета на Македонија

Од:

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета наредната недела ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

На 20-ти јануари претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.

Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Ова е возвратна посета на Мета на Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија Вељаноски беше во посета на Тирана во декември 2013-та година.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски