Чоколадна фантазија …
Потребно е:
300 гр бело чоколадо
300 гр чоколадо за готвење
2 лажици шеќер
250 гр слатка павлака
125 гр путер
50 гр суво грозје
1 лажица рум
чоколадни трошки или чоколаден корнфлекс, за украсување
украсни хартиени корпички
Подготовка:
– Во еден сад на пареа растопете ги белото чоколадо, половина од слатката павлака и половина од путерот. Со оваа смеса наполнете ги до половина украсните хартиени корпички.
– Во секоја корпичка одозгора ставете по три зрна суво грозје кое претходно сте го потопиле во рум.
– Корпичките ставете ги во фрижидер да се излади и стегне смесата со која се полнети.
– Повторно во сад на пареа растопете ги чоколадото за готвење, остатокот од слатката павлака и путер, и две лажици шеќер. Измешајте убаво да добиете хомогена смеса.
– Кога смасата малку ќе се ислади ставете ја во шприц за украсување на колачи и преку додатокот во форма на ѕвезда нанесете ја преку белиот дел во корпичките. Корпичките наполнете ги до крај.
– Одозгора посипете со украсните чоколадни трошки. Додека ги послужите држете ги на ладно.
– Пред да ги послужите колачињата можете да ги извадите од хартиените корпички.