Во Пакистан обесени седуммина милитанти

Од:

Седум лица осудени на смртна казна поради припадност кон исламистичка организација, беа егзекутирани денеска во Пакистан, јави ДПА.

Тројца биле обесени во Сукур и еден во Карачи и во јужната провинција Синд, додека други двајца беа обесени во Фаисалабад и еден во Равалпинди во источната провинција Пенџаб.

Засега нема формално соопштение, но официјален претставник од Министесртвото за внатрешни работи потврди за егзекуциите.

– Егзекутираните биле членови на забранети милитантни групи и осудени на смртна казна, изјави претставникот кој побарал анонимност.

Пакистанските власти досега егзекутираа девет затвореници, откако претходно го укинаа мораториумот по нападите во училиште во Пешавар кога загинаа 136 ученици.

Според Министерството во Пакистан има повеќе од 8.000 осудени на смртна казна.

Би можело да ве интересира

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан