Едно лице почина, а околу 60 се ранети во инцидент во метро во Вашингтон

Од:

Едно лице почина, а неколку десетици се ранети и се примени во болница по инцидентот вчера на една од најфреквентните метро станици во Вашингтон.

Во текот на денот во еден од тунелите на метрото се појавил силен чад, од кој биле погодени патниците во еден од возовите и луѓето кои чекале на станицата.

Надлежните органи добиле итна наредба да евакуираат стотици лица.

Околу 60 лица, кои имале проблеми со дишењето се примени во болница. Двајца од нив се во тешка состојба.

Една жена почнинала на лице место, а лекарите претпоставуваат дека добила срцев удар.

Причината за појавата на чадот се уште не е утврдена, а во тек е истрага. Движењето на две линии на метрото на станицата Ланфан-плаза, која се наоѓа во центарот на градот во близина на Конгресот е стопирано.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас