Без напредок завршија разговорите на министрите за надворешни работи на Германија, Русија, Украина и Франција за украинската криза

Од:

Разговорите на министрите за надворешни работи на Германија, Русија, Украина и Франција за украинската криза завршија синоќа во Берлин без да биде направен доволен напредок неопходен за одржување на самит во Казахстан.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека на состанокот имало „многу отворена размена на ставови“, но дека е завршен без резултати неопходни за одржување на самитот.

Штајнмаер рече дека во следните денови ќе има средба на претставници од министерствата на нивните држави во обид да се премостат несогласувањата, а не е исклучена ни можноста министрите потоа повторно да се состанат.

– Ако има напредок на тоа ниво во следните денови тогаш сме подготвени следната недела повторно да имаме состанок и да ја продолжиме дискусијата, изјави Штајнмаер.

Целта на состанокот е да се намалат тензиите кои се закана за загрозување на самитот за прекин на украинскиот конфликт. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави претходно дека се надева оти самитот може да биде одржан в четврток во Казахстан со цел да се потпише мировен документ со Русија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци