Џон Кери во ненајавена посета на Пакистан

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во ненајавена посета на Пакистан со цел да ги интензивира напорите во борба против милитантните групи.

Минатиот месец талибанците извршија масакар над 134 деца во Пешавар.

Кери денеска ќе се сретне со пакистанскиот премиер Наваз Шариф и командантот на армијата Рахил Шариф.

– Многу јасно ќе кажеме, како што и досега правевме, дека акцијата на пакистанските власти против милитантните групи мора да резултира со уништување на сите тие групи во Пакистан, изјави неименуван претставник на Стејт департментот пред посетата на Кери на Исламабад.

Пакистанските власти последните месеци ја интензивираа борбата против насилните екстремисти, поттикнати од нападот врз училиштето во Пешавар.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас