Ширум Пакистан завршува продолжениот зимски распуст, па учениците во придружба на своите семејства се враќаат во Военото јавно училиште во Пешавар, каде што Талибанците пред околу еден месец убија 150 лица, претежно деца.
Во училиштето во кое исламските екстремисти го извршија едно од најстрашните злосторства во последните неколку години, ќе биде одржана посебна церемонија, но според наводите наставата нема да започне до крајот на оваа недела.
Инаку како дел од кампањата за подобрување на безбедноста во училиштата на национално ниво, преземени се големи мерки за обезбедување, по вооружениот напад на учениците во Пешавар.
Е. Г.