ОИ: Филипини најголем добитник, Русија, ОАЕ и Саудиска Арабија најголеми губитници од падот на цената на нафтата

Од:

Најголем добитник од ниските цени на нафтата ќе бидат Филипини, а најголеми губитници се Саудиска Арабија, Русија и Обединетите Арапски Емирати, се вели во анализа на Оксфорд икономикс.

Во неа се опфатени 45 национални економии.

– Ако цената на нафтата се намали под 39 долари за барел, би можело да има и продолжување на падот на цената на само 30 долари, смета Валтер Цимермен, главен технички стратег на брокерската компанија Јунајтед-ИЦАП.

Тој прогнозираше пад на цената на нафтата во 2014 година, јавуваат американски медиуми.

Според него, цената на нафтата ќе се формира на емоционална одлука, а не на односот побарувачка-производство.

– Увозниците на нафта ќе имаат корист поради намалените трошоци за гориво, додека извозниците ќе имаат пониски приходи. За извозниците на нафта кои немаат силни фискални правила притисоците врз буџетот и валутата може да бидат значајни, што може да придонесе за раст на инфлацијата, смета Цимермен.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија