Убав рецепт за еден вкусен колач кој може да го подготвите уште овој викенд …
Потребно е:
5 жолчки
5 лажици шеќер
5 лажици врела вода
5 лажици остро брашно
1 лажица какао во прав
1/2 кесичка прашок за пециво
5 белки
150 гр маргарин, на собна температура
150 гр шеќер во прав
150 гр мелени ореви
150 гр мелени кекси (Petit beaure)
100 мл кока-кола
50 мл рум
250 гр чоколадо за готвење
180 гр маргарин
1 лажица масло
малку изматена слатка павлака
Подготовка:
– Пенесто изматете ги жолчките и шеќерот и додате ги врелата вода, брашното и прашокот за пециво.
– Изматете шне од 5 белки и внимателно додадете го во смесата со жолчки. Полека измешајте. Оваа смеса истурете ја во тава за печење (со димензии 30х18 см) претходно обложена со хартија за печење.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени 20-тина минути. Печеното тесто извадете го од рерна и оставете малку да се излади, па превртете го на чинија за срвирање. Внимателно извадете ја хартијата за печење.
– Пенесто изматете 150 гр маргарин со шеќерот во прав, па додадете ги оревите, кексите, кока-колата и румот. Оваа крема премачкајте ја на изладеното тесто.
– Во едно тенџерче на рингла растопете го чоколадото со маргаринот и додадете го зејтинот. Оваа глазура прелијте ја преку колачот.
– Оставете го уште малку на собна температура да се излади глазурата и потоа ставете го фрижидер убаво да се олади.
– Изладениот колач исечете го на коцки (околу 18 парчиња) и украсете ги со изматена слатка павлака.