Јавно камшикување на саудиски блогер

Од:

Саудиски либерален активист денеска беше јавно камшикуван по петочната молитва пред џамија во градот Џеда, соопшти организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешанл“.

Активистот Раиф Бадави, основач на интерент страницата „Слобода на саудиските либерали“, беше упасен во јуни 2012 година под обвинение за „кибер криминал и непочитување на татко му“. Обвинителството бараше Бадави да биде осуден за „отстапување од верата“, за што следува смртна казна, но Судот го одби ваквото барање.

Судот првично го осуди Бадави на седум години затвор и 600 удари со камшик годишно, но по жалбата на Обвинителството тој заработи затворска казна од 10 години, глоба од еден милион рупии (266.666 долари) и 1.000 удари со камшик годишно.

„Амнести“, повикувајќи се на очевидец, тврди дека Бадави во окови бил доведен на плоштадот пред џамијата, каде потоа пред насобраните верници добил 50 удари со камшик по грбот.

Според „Амнести интернешанл“, останатите камшикувања ќе бидат извршани во следните 50 петоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ