Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, го покани Руфи Османи, лидерот на Национална демократска преродба, да се приклучи на коалицијата „За демократска Македонија“.
„Јас би сакал во коалицијата да има и албанска партија, па слушајќи ги ставите на Османи, тој би можел да ни се придружи“, рече Георгиевски.
Коалицијата ја сочинуваат ВМРО-НП, Обединети за Македонија, Достоинство и ЛДП.
Коалицијата, која ја сочинуваат покрај ВМРО-НП, и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинсво, настапува од неодамна со името „За демократска Македонија“.
Оваа изјава Георгивески ја даде во емисијата „На патот кон…“, на Алсат-М телевизија.
Ова би значело окрупнување на опозицискиот блок и со албански партии, по започнувањето на разговорите на опозицискиот фронт со коалицијата „За демократска Македонија“.
Тие велат дека ги обедини за ваков настап погубната политика на Владата на Груевски, и дека во интерес на Македонија треба сите да ги надминат суетите и идеолошките разлики.