Анкета: Мнозинство Германци со став Грција да ја напушти еврозоната ако не ги почитува правилата

Од:

Над 60 отсто Германци се убедени дека Грција треба да ја напушти еврозоната ако не ги почитува условите од меѓународната програма за економски спас, покажуваат резултатите од анкетата на државната телевизија А-Ер-Де, јави ДПА.

Шеесет и еден отсто анкетирани Германци сметаат дека ако Грција не успее да ги исполни строгите буџетски барања на меѓународните кредитори таа треба да биде исклучена од еврозоната.

Од анкетираните, 53 проценти се со став дека веќе не стравуваат оти Грција ќе го напушти монетарниот сојуз.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 68 отсто Германци се спротиставуваат на преструктуирање на долгот, а 28 отсто одобруваат таква мерка.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето