Тојота ги направи јавно достапни патентите за погон на водород

Од:

Над 5.600 патенти кои се однесуваат на технологијата на водородни горивни ќелии, регистрирани од „Тојота“ ќе бидат достапни на сите што ќе сакаат да ги употребат за сопствено производство на возило на погон на водород, соопшти компанијата.

Јапонската компанија со ваквиот потег, трга по стапките на Тесла Моторс, што кон половината на 2014 година се откажа од заштитените патенти за технологијата за електрични возила.

Тојота водород 2

Одлуката Тојота ја објави на актуелниот Меѓународен саем на електроника (ЦЕС) во Лас Вегас и има за цел да се забрза глобалниот развој и воведување на погонски системи со водородни ќелии во возилата.

– Веруваме дека во светот може да се случат прекрасни нешта кога човештвото меѓусебно ќе сподели добри идеи, изјави потрпретседателот на Тојота групацијата во САД Боб Картер.

Според Картер за иднината на возилата на водород од пресудно значење е првата генерација на возила, што ќе се појави на пазарот меѓу 2015 и 2020 година.

– Поради тоа е неопходно да се урнат корпоративните граници и да се оствари тесна соработка меѓу производителите на автомобили, државни органи, академската заедница и производителите на енергенси, нагласи тој.

На компаниите кои сакаат да ја користат технологијата применетга на првиот продукциски модел со погон на водород Тојота Мираи, ќе им бидат достапни вкупно 5.680 патенти.

Тојота Мираи

Од тоа, 1.970 патенти се однесуваат на горивни ќелии, 290 на резервоари под висок притисок за складирање на водород во автомобили, 3.350 се во врска со електорнско управување со системот и софтверот, додека 70 патенти се однесуваат на технологијата за производство на водород и системот на снабдување.

Тојота објави дека од вкупниот број понудени патенти 2.650 се регистрирани во Јапонија, 820 во САД, 760 во Европа и 720 во Кина.

Групата патенти што се однесуваат на горивни ќелии ќе бидат бесплатни до 2020 година, а сите останати неограничено.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска