Писмо со сочувство од Иванов до Оланд

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд, во кое изразува тага за загубените животи во масакрот во Париз.

– Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли Ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот, наведува во писмото претседателот Иванов.

Овој грозоморен чин, како што се нагласува во писмото, спроведен од поединците со затворени умови, чија цел е сеење страв и чувство на несигурност, чии жртви се недолжни луѓе, нема да не поколеба во истрајноста на зачувување на споделените човечки и цивилизациски вредности и придобивки на целиот демократски свет.

Иванов посочува дека Република Македонија силно ги поддржува глобалните напори за борба против тероризмот, и како и досега така и во иднина е подготвена да соработува со демократскиот свет во соочувањето со оваа закана како едно од најголемите зла на денешницата.

– Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека мислите на македонските граѓани се со Вас и со граѓаните на Франција, вели во писмото претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on