Долниот дом на пакистанскиот Парламент денеска усвои закон, согласно кој бунтовниците ќе бидат судени од воени трибунали, што е една од мерките за борба против бруталните напади на талибанците, кои минатиот месец убија 134 деца во едно училиште.
Законот беше поддржан од сите присутни 242 пратеника, што е за 14 гласа повеќе од потребното двотретинско мнозинство.
Пратениците од религиозните партии и од опозициската сила на поранешниот познат играч на крикет, Имран Хан, беа воздржани при гласањето.
Сега се очекува овој документ да биде одобрен и од Горниот дом и претседателот Мамнун Хусеин да го потпише оваа недела.
Минатата недела пакистанскиот министер за внатрешни работи Чаудри Нисар Али Хан изјави дека воените судови ќе бидат ограничен мандат и тие нема да се користат против политичари, бизнисмени, новинари и обични граѓани.