СДСМ викендов го завршува „Работното лето“ во Битола

Од:

После изминати повеќе од четири месеци во интензивни активности, СДСМ викендов во Битола го завршува проектот „Работно лето” и го промовира Менде Диневски како кандидат за градоначалник на општина Битола.

Највисокото раководство на партијата под мотото “Крени глас за иднината” ја обиколи цела Македонија при што беа опфатени голем број на градови, села и населени места. Организирани беа бројни митинзи, а највисокото раководство на партијата директно се сретна со преку 150 илјади граѓани. Истовремено сакаме да им искажеме јавна благодарност за топлиот и несебичен прием на граѓаните на Струмица, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Крива Паланка, Богданци, Неготино, Крушево, Охрид, Ресен и Кавадарци, но и на огромниот број околни општини на овие градови, кои беа домаќини на „работното лето“ на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ, Андреј Петров изјави: „Од денес највисокото раководство на партијата е преселено во Битола. Ќе оствариме средби „лице в лице” со жителите на општината Битола но и на околните општини Новаци и Могила. Ќе ги слушнеме предлозите на луѓето, ќе ги понудиме нашите решенија, ќе ги нотираме нивните потреби. Како и во сите претходно посетени места од „работното лето“, претставниците на партијата ќе преспијат во домовите на нашите активисти и поддржувачи, а веќе утре повторно ќе оствариме средби со жителите на градот на конзулите – Битола“.

Менде Диневски, како иден кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола изјави: „Бидејќи „работното лето“ на СДСМ започна во Струмица, би сакал овој град да го споменам како светол пример за одлично дејствување на локалната самоуправа. По примерот на овој град, но и на Куманово, Битола ќе биде гасифицирана. Ќе го донесеме овој евтин енергенс до домовите на граѓаните, до производствените погони на фирмите, како и до општинските згради и училиштата. Со намалување до 40%, ќе ги направиме сметките за струја подносливи и за домаќинствата и за фирмите. Гасификацијата на Битола не е само желба, туку приоритет во понатамошниот развој на оваа општина. Гасификацијата зема централно место во мојата програма. Средствата кои со тоа ќе ги заштедиме, ќе ги инвестираме на друго место. Затоа, јас се обврзувам да го направам градот Битола поевтино, посигурно и поубаво место за живеење“.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, ќе бидат посетени голем број населени места во општините Битола, Новаци и Могила, како што се селата Оризари, Лавци, Буково, Цапари, Новаци, Живојно, Кравари, Бистрица и многу други.

Работниот викенд на СДСМ ќе заврши со општонароден промотивно-протестен собир, во сабота во 20.30 часот, на кој што ќе биде промовирана и програмата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Менде Диневски.

Со посетата на Битола и со утрешниот протестно-промотивен митинг завршува работното лето на СДСМ во оваа форма. Меѓутоа, СДСМ не застанува тука и продолжува со нов, уште поинтензивен проект наречен „Врата до врата“, каде под мотото „Отвори врата за иднината“, ќе тропнеме на секоја врата во Република Македонија, стои во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски