Екипата на Атланта ја постигна петтата победа во низа совладувајќи го на гости тимот на ЛА Клиперс со 107:98.
Најефикасен беше Пол Миласп со 23 поени, Џеф Тиг постигна 20. Рекордни сезонава 13 поени уфрли и нашиот Перо Антиќ.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати:
Филаделфија – Кливленд 95:92,
Бостон – Шарлот 95:104,
Бруклин – Далас 88:96 (продолжение),
Чикаго – Хјустон 114:105,
Мемфис – Њујорк 105:83,
Минесота – Денвер 101:110,
Њу Орлеанс – Вашингтон 85:92,
Јута – Индијана 101:105,
Портланд – ЛА Лејкерс 98:94,
Голден Стејт – Оклахома Сити 117:91.