Властите во Либија се против западна интеренција во земјата

Од:

Претседателот на меѓународно признатиот либиски Парламент Акила Иса изјави дека неговата земја е против каква било западна воена интервенција во земјата.

Иса изјави денеска во Каиро дека неговата Влада, чие седиште е во источна Либија, би побарала помош само од арапските земји, доколку се покаже дека има потреба од тоа.

Тој даде изјава на маргините на самитот на Арапската лига, кој се одржува во главниот град на Египет.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја исклучи можноста за еднострана француска воена интервенција во Либија.

Тој сепак додаде дека француските сили ќе извршуваат напади врз екстремистите, кои ја напуштаат Либија.

Оланд очигледно е загрижен од новонастанатата ситуација во соседно Мали, каде исламските екстремисти, кои доаѓаат од север се закануваат целосно да ја дестабилизираат оваа франкофонска африканска земја, која има долга заедничка граница со Либија во пустината Сахара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски