Модна дизајнерка Кортни Смит од Њујорк за својата нова кампања ангажира „полнички“ модели, со што предизвика возбуда во светот на модата.
Смит во рамките на својот моден бренд „Rum + Coke“ лансира кампања во која моделите се со надпроселна тежина, а мотото на кампањата гласи: „Жените се убави во секое пакување“.
– Ми пречи тоа што во сите водечки рекламни кампањи се појавуваат слаби модели, па сакав да ги урнам предрасудите и стереотипите. Сите жени се исти, а јас во својата кампања ја истакнувам токму различност на женската убавина, изјави Смит.
Ваквата одлука на Смит сепак наиде на критики кај нејизните колеги. Модните креатори, како што пренесува „Дејли Мејл“, сметаат дека кампањата е „невкусна“ и дека е „несоодветно жените да носат фустани кои не одговараат на нивната градба“.