Прифатена оставката на Митев, Јончевски ќе го предводи шампионот

Од:

Управата на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја прифати оставката на досегашниот тренер Боби Митев и соопшти дека во наредниот период клубот ќе го води досегашниот помошник Александар Јончевски.

– КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека е прифатена понудената оставка на тренерот Боби Митев и тој веќе нема да го предводи македонскиот кошаркарски шампион. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на тренерот Митев за вложениот труд во периодот додека беше помошен и прв тренер на тимот, и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Во наредниот период тимот ќе биде предводен од Александар Јончевски, соопштија попладнево од МЗТ преку официјалната веб страна.

Митев е трет тренер од почетокот на сезоната, кој си заминува од тренерската позиција на МЗТ Скопје Аеродром. Тој поднесе оставка по синоќешниот пораз од Будуќност. Пред Митев кормилото на „штрковите“ го напуштија Змаго Сагадин и Врбица Стефанов.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он