Дачиќ: Би било добро да се одржи геј парадата во Белград

Од:

„Има многу причини за и против одржување на геј парадата во Белград. Прво – најголем број граѓани сигурно не се надеваат на одржување на парадата, но тоа секако не дава за право на никого да се заканува со насилие, тоа не смее да се толерира“ – изјави Дачиќ.

Спроед првиот човек на српската влада, би било навистина добро геј парадата во Белград да се одржи. Tој додава дека во тек се проценки за безбедноста поврзани со парадата која треба да се одржи на 6 октомври.

„Имам комуникaција со безбедносните служби, кои треба да ми испратат извештај и проценки. Јавните собири се слободни, секако само доколку не пoстојат безбедносни пречки за тоа“ истакна Дачиќ. Дачиќ обраќајки се од говорницата во Владата потенцираше дека нема да дозволи да одредени групи бидат закана за одржување на геј парадата. „Кој им дал за право на одредени групи да кажуваат што може, а што не може да се одржува во нашиот главен град?“ – праша Дачиќ. Сепак тој повтори како не смета дека одржување на геј парадата треба да биде услов за влез на земјата во Европската Унија, додавајќи дека постојат земји кои дале многу помал придонес за европски интеграции, како Црна Гора, земја во која исто така не се одржала ваква парада.

Десничарското движење “Dveri”  упати пред два дена преку отворено писмо барање до претседателот на државата Томислав Николиќ да се огради од Парадата на гордоста и да застане зад граѓаните на Србија кои се против одржување на ваква манифестација во Белград.

Минатагодишната Парада на гордоста во Белград, беше забранета само три дена пред закажаниот датум, токму од Ивица Дачиќ, кој тогаш беше на чело на Министерството за внатрешни, безбедност и полиција, со образложение дека не постојат безбедносни услови.

Би можело да ве интересира

Четири деца се повредени во две сообраќајни несреќи во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on