Чоколадни елки

Од:

За новогодишната ноќ развеселете ги своите деца со овие едноставни, а така слтки и декоративни чоколадни колачиња …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
100 гр путер
100 гр чоколадо
60 гр брашно
40 гр какао
1 лажиче прашок за пециво
4 јајца
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер

за кремот:
100 гр путер
100 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда …)
150 гр маскарпоне

за декорирање:
200 мл слатка павлака, изматена во шлаг
чоколадни трошки
чоколадни ѕвездички
шарени украсни зрнца

Подготовка:
– Растопете го путерот во еден сад на рингла и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека не се растопи чоколадото.

– Брашното помешајте го со какаото и со прашокот за пециво.

– Јајцата, шеќерот  и ванилиниот шеќер изматете ги убаво со миксер додека да добиете хомогена густа, пенеста смеса. Со мешање додадете го и растопеното чоколадо. На крај додадете ја и смесата со брашно и какао и измешајте полека.

– Смесата сипете ја во тава (со димензии 32х18 см) која претходно сте ја премачкале со путер и посипале со малку брашно. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Додека се пече тестото преминете на подготовка на кремот. Во еден сад со миксер изматете ги убаво путерот кој е на собна температура и чоколадниот крем. На крај додадете го и маскарпонето и измешајте убаво.

– Готовиот крем премачкајте го на изладеното тесто. Со вилушка полека поминете преку кремот за да добиете бранови како на сликата.

– Со остар нож колачот пресечете го на триаголници. Секој триаголник-елка посебно украсете ја со шлагот, чоколадните трошки, чоколадните ѕвездички и шарените украсни зрнца (видете на сликата).

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска