1 кг бакалар (риба)
поголема количина масло (во зависност од тенџерето во кое ќе ја пржите рибата)
350 гр брашно
100 гр нишесте
1 лажица црвен пипер
1 лажица сол
1 лажиче прашок за печиво
прстофат бибер
350 мл пиво, ладно
Подготовка:
– Во длабок сад измешајте ги сите суви состојки.
– Во пивото, додадете 1 лажица шеќер и оставете го да отстои 15 минути. Потоа, полека додавајте ја сувата смеса во пивото и мешајте со жица за матење. Треба да добиете густа смеса. Вака подговена, смесата оставете ја да отсоти 45 минути.
– За тоа време, парчињата риба убаво исушете ги со кујнска хартија (се претпоставува дека ќе исчистени и филетирани). Кога ќе бидат суви, исечете ги на долгнавести и кратки парчиња.
– Исто така, додека чекате да отстои смесата со пиво, може да подготвите некој сос.
– Во длабоко тенџере ставете поголема количина масло да се загрее на средна температура.
– Кога смесата ќе биде готова, измешајте ја уште еднаш со жица за матење и секое парче риба брцнете го во смесата. Така подготвени, ставете ги да се пржат во врелото масло, во неколку наврати.
– Пржете додека рибата да добие убава боја од сите страни, околу 15 до 20 минути.