Новогодишни колачиња

Од:

Нема ништо поубаво од тоа домот да ви мириса на свежо печени колачиња. Но, тој мирис, е најубав за време на новогодишните празници. Уште повеќе, ако имате време, направете ги токму овие, со мини декорација како снегулка.

Потребно е:
125 гр путер, на собна темепратура
100 гр шеќер
1 јајце
2 лажички екстракт од ванила
225 гр брашно
1 лажица какао во прав

Подготовка:
– Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Матете со миксер додека да добиете кремаста смеса и шеќерот да биде растопен.

– Додадете ги јајцето и ванилата и матете дополнителни 2 минути за сето да се соедини.

– Потоа, полека додавајте го брашното и матете полека додека да оформите тесто.

– Од тестото одвојте 2/3 и ставете го на страна. Во преостанатата 1/3 од тестото ставете го какаото и матете додека да се соедини сосема какаото.

– Двете теста со сукало развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од околу 3 мм.

– Од белото тесто со тркалезни калапи одвојте неколку колачиња и ставете ги на тавче за печење, кое ќе го обложите со хартија за печење.

Новогодишни колачиња1.jpg

– Од црниот дел од тестото одвојте форми на снегулка. Помалите форми на снегулка ставете ги врз тркалезните колачиња.

Новогодишни колачиња2.jpg

– Вака подготвени ставете ги колачињата да се печат во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, околу 12 до 15 минути, односно додека почнат да добиваат златна боја на краевите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска