Почна скијачката сезона на центарот „Копанки“ на Пелистер

Од:

Денеска почна скијачката сезона на скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.

Од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и скијачкиот центар „Копанки“ информираа дека терените за скијање се подготвени, а ски-патеките  исчистени, уредени и обележани.

– Жичарницата „Бегова Чешма“ и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и  секоја година, така и оваа, извршени се сите  технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона, информираа од скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер.

Новина за скијачите претставува зголемената должина за патеката за скијање бидејќи освен жичарницата од денеска работи и ски-лифтот со што се овозможува вкупната должина на патеката за скијање да изнесува 1.300 метри.

Пристапот до скијачките патеки на Пелистер е сигурен и безбеден, отстранети се инфраструктурните проблеми на патот кој води од Битола до ски-центарот „Копанки“, а сместувачките капацитети се на високо ниво, и се очекува и оваа сезона хотелот „Молика“ да работи со полн капацитет, беше соопштено на денешниот промотивен настан на Пелистер.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска