Фазлиу: ДУИ избра пеливан за ректор на ДУТ

Од:

Павле Трајанов, коалицискиот партнер на Груевски, го праша министерот за образование Абдулаќим Адеми, дали ќе се организира јавна расправа и сите да го кажат своето мислење за Законот за високо образование. Посочи дека треба да се разгледаат и барањата од Професорскиот и Студенсткиот пленум, кој бил испратен до Собрание.

„Вие не сте биле долго во вашата канцеларија. Стигна писмото од професорите и студентите“, му одговори спикерот Трајко Вељаноски.

„За три месеци ги слушнавме сите мислење. Организирање на јавна расправа не е надлежност на Министерството за образование“, беше одговорот на министерот Адеми на предлогот на Трајанов.

Беким Фазлиу од ДПА, побара министерот да и каже на јавноста зошто го предлага државниот испит.

„Се лажете доколку мислисте дека ќе го развие образованието, оној што го уништува образованието. Тој што не знае самиот не може да ги тестира другите.Има потреба од државен испит за претседателите на политичките партии, ајде тие да положат државен испит. Да го положат и министрите, еве вие сте паднале на испит за Менделеевиот систем. Невзат Бејта падна на испитот зошто вели дека Гостивар се граничи со Грција, градоначалникот на Сарај знае дека рибите се садат. Затоа ли ДУИ избра пеливан за ректор на ДУТ. Се цени знаење а не пеливанството. Вие сте оружје во рацете на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on