На кумановските улици фрлени 20 тони сол

Од:

На кумановските улици од вчера до утрово фрлени се 20 тони сол, информираат од Секторот за урбанизам од општина Куманово. Како што информираат од општина Куманово, прво се чистат улиците од центарот, по што екипите се упатуваат кон приградските и на крај кон руралните средини.

– Градот е поделен на источна и западна зона, за оддржување на улиците ангажирани се две фирми. Се чистеше вчера до 22:30 часот, потоа и утрово од 04:00 часот. Дел од улиците се опесочени, вели помошникот раководител на надлежниот сектор, Момчило Јовановски.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во Куманово наврнати се 10 сантиметри. Во некои повисоки места во општината има наврнато 15 сантиметри. Магистралните, регионалните и локалните патни правци се делумно исчистени, информираат од РЦУК, но поради влажноста на коловозните ленти сообраќајот се одвива внимателно и споро.

Во општина Липково висината на снежната покривка е 10 сантиметри, додека во планинските села висината на снежната покривка изнесува 20 сантиметри.

Од РЦУК информираат дека имало прекини од електрична енергија во селата Матејче, Вишница и Никуштак. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите.

Во општина Старо Нагоричане локалните патни правци делумно се исчистени и проодни.Таму наврнати се 10 сантиметри, а на повисоките места 20 сантиметри. Прекин на снабдување на електрична енергија во општина Старо Нагоричане има и во неколку поодалечени села Дејловце, Арбанашко, Жегљане, Кокино, Буковљане, Длабочица, Рамно Цветишница, Малотино и Врачовце.

РЦУК информира дека имало и опожарување на трафостаницата во село Степанце преку ноќта во чие гасење учествувала и Противпожарната екипа на Куманово. Од ЕВН работат на острануавње на дефектите. Инаку до овој момент, информираат од РЦУК неисчистен е регионалниот пат Драгоманце-Арбанашко, под надлежност на ЈП „Македонија пат„ од каде што најавија дека во текот на денот ќе се направат обиди за расчистување на овој пат.

Од Секторот за инспекциски надзор ги потсетуваат дуќанџиите дека имаат обврска да ги исчистат тротоарите и локациите кои што ги зафаќаат нивните објекти и информираат дека од утрово на терен излезени се комунални инспектори. Доколку не се преземени мерки, тогаш ќе следуваат сооодветни мерки, информира раководителката на Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово,Вера Лазаревска.

Од Итна помош Куманово информираат дека досега нема пациенти кои побарале помош од повреди од снегот, но апелираат до кумановци да не излегуваат доколку немаат потреба и да внимаваат на движењето по улиците.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра