На Земјата и се заканува големо изумирање?

Од:

24 сата – Загреб

Списанието Nature објави резултати од истражувањето кое јасно покажува дека на многу животински видови им се заканува изумирање, на што големо и директно влијание има човекот.

Многу животни на Земјата исчезнуваат со голема брзина, што во вековите пред нас можело да доведе до масовно изумирање на видовите, покажува студијата која ја објави списанието Nature.

Деталната анализа покажува дека дури 41 отсто од водоземците се на ивица на изумирање, додека загрозени се 26 отсто цицачи и 13 отсто птици. Секоја година изумираат илјадници видови, наспроти обидите да се зачуваат видови кои би ги успориле тие процеси.

Планински горили, суматрански слонови или северен бел носорог, кои останаа само пет, се само некои од загрозените видови, а во речиси секој случај виновна е токму човековата активност.

Ширењето на обработливите површини ги уништува живеалиштата на многу видови животни, додека на многу региони влегуваат поагресивни видови кои порано не живееле на истите, исто така помогнато од човечка активност. Во исто време загадувањето и преголемиот лов на риби ги загрозуваат морските еко системи.

– Состојбата на биоразновидност главно се влошува, а во многу случаи нагло – вели Дерек Титенсор од програмата на ОН за следење на заштита на видовите. Тој додава дека во следните децении заканата од климатските промени може да биде се по изразена и да ги уништи и последните примери на некои видови.

На Црвената листа на загрозени видови моментално се наоѓаат 46.000 животински видови на ивица на изумирање. Но, научниците имаат и проблем од недоволно знаење за реалната био разновидност на планетата.

Проценките за вистинскиот број на сите видови на земјата варираа од 2 до 50 милиони, а големи се и разликите на моменталната стапка на изумирање кои одат од 500 до 36.000 годишно.

– Ова е вистински проблем со кој сме соочени. Стапката на смртност е огромна – додава Титенсор за Гардијан. Но, податоците укажуваат дека светот незапирливо оди кон масовно изумирање, кое би вклучувало загуба на 75 отсто или повеќе видови. Во зависност од брзината, тоа може да потрае од 1 или 2 века, па до 1000 години. Списанието Nature предупредува дека е клучно итно да се изработи најпрезицен список на сите видови и брзината со која исчезнуваат, ако сакаме да ја заштитиме планетата од најлошите последици од нашата активност. Впрочем, нашиот вид може да живее во свет без никаква разновидност во природата.

Нашата планета до сега поминала низ пет такви изумирања, кои порано биле предизвикани од геолошки или астрономски настани. Во нив во изминатите 3,5 милијарди години изумреле 95 отсто постоечки видови. Меѓутоа, ова изумирање ќе биде под директно влијание на човекот.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска