Триаголник погача со мелено месо

Од:

Супер појадок, богато предјадење или идеја за вечера. Изгледа многу примамливо, па со гордост може да ја направите и покажете пред најблиските.

Потребно е:
500 гр
 лиснато тесто
2-3 чешниња лук, истолчени
1-2 главици кромид, ситно исечани
150 гр кашкавал, изрендан
1 помал страк праз
50 мл кечап
250 гр јунешко мелено месо
250 гр свинско мелено месо
30 гр семки од сончоглед
прстофат оригано
4 лажици масло
2 јајца (едно ја филот, а друго за премачкување)
сол и бибер

Подготовка:
– Лиснатото тесто оставете малку да се опушти на соба температура додека го подготвувате филот.

– Празот исечкајте го на ситно.

– Кашкавалот изрендајте го.

– Во тавче за пржење ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло ставете ги празот и кромидот да се пропржат, т.е да омекнат.

– Кога ќе омекнат, додадете го месото и пржете додека да не порумени. Во месото ставајте по малку вода, по потреба и гответе го додека да испари целата вода.

– Пред крај ставете ги кечапот, лукчињата, ориганото и зачинете со сол и бибер. Измешајте и гответе кратко додека да испари течноста (не треба да има ни малку течност, затоа што ќе го раскашави тестото).

– Готовиот фил оставете да се олади и во оладениот фил ставете едно јајде и ренданиот кашкавал. Измешајте за да се соедини убаво.

– Лиснатото тесто развлечете го со сукало со дебелина од 0,5 см.

– Филувајте го со подготвениот фил, нанесувајќи го на целото тесто.

– Потоа, завиткајте го филуваното тесто како ролат. Ролатот исечете го на поголеми триалогници.

– Триаголниците наредете ги во тркалезна тава за печење обложена со хартија за печење, во круг, премачкајте ја погачата со изматено јајце, посипајте со сусам и семки од сончоглед и ставете да се пече во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека да порумени (околу 30 до 35 минути, во зависност од рерната).

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска