Приведени 10 девојки во угостителски објект во Тетово

Од:

Десет женски лица на возраст од 19 до 27 години биле откриени од полицијата при акциската контрола што изминатата ноќ половина час по полноќ била спроведена во угостителскиот објект Енерџи клуб сопственост на тетовецот М.А.(32) на излезот од Тетово на локалниот пат кон Сараќино.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, од девојките девет биле странски државјанки, пет од Србија, две од Бугарија и по една од Црна Гора и Хрватска, како и една македонска државјанка при што девет од нив биле вработени како танчарки, а една како пејачка. Странските државјнки биле приведени од полицијата и предадени за понатамошна постапка на Одсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија.

 – Било утврдено дека сите тие пријавено престојувале на подрачјето но работеле без соодветна дозвола поради што судија за прекршоци од Тетовскиот основен суд им изрекол парична глоба од по шестотини евра, забрана од една година за влез во Македонија и депортирање во нивните матични земји, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски