Најмалку 14 лица загинаа во лизгање на земјиште во Шри Ланка, каде поради поплави принудно се раселени над 100.000 лица, јавија локалните власти, пренесува ДПА.
Несреќните случаи се регистрирани во округот Бадула, на 220 километри источно од главниот град. Постои опасност дека може да има десетици загинати, во свлечиштата во кои се уништени стотина домови.
Околу 80.000 лица од раселените се сместени во кампови и времени прифатилишта, а останатите се наоѓаат кај роднини и пријатели, јавија властите.