Нетанјаху: Иран до следното лето ќе произведе нуклеарна бомба

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека Иран ќе има доволно збогатен ураниум до следното лето да произведе нуклеарна бомба и ја повика меѓународната заедница да повлече “јасна црвена линија” за да го спречи тоа.

Во обраќањето пред Генералното собрание на ОН, Нетанјаху изјави дека најновите податоци покажуваат на напредокот на Иран и ги предупреди сите дека “станува доцна, многу доцна” во запирањето на Иран во своите намери, пренесува Асошиетед прес.

– Црвените линии не водат до војна, црвените линии ја спречуваат војната. Ништо повеќе не може да го загрози светот, туку нуклеарно вооружениот Иран – рече Израелскиот премиер.

Нетанјаху изјави дека Иран ја заврши првата фаза на збогатување ураниум и во неколку наврати предупредуваше дека времето истекува за запирање на Исламската Република во напорите на Техеран да стане нуклеарна сила, и дека таквата “закана на сила мора да се сфати сериозно.”

– Иран веќе спроведува 70-отстотен процес на збогатување на ураниум, доволно за гориво на една (нуклеарна) бомба и мора да биде спречен да достигне ниво од 90 проценти – истакна Нетанјаху.

Израел смета дека нуклеарно вооружениот Иран ќе биде постојана закана, особено поради тоа што го негира холокаустот на Евреите, повикува на уништување на Израел, произведува проектили способни за “бришење на еврејската држава”, и ги поддржува арапските милитантни групи.

– Имајќи ги во предвид ваквите изблици на агресија од Иран без нуклеарно оружје, само замислете ја иранската агресија со нуклеарно оружје – предупреди Нетанјаху од подиумот на светската организација во Њујорк, наведува АП.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он