Снежни топчиња

Од:

Овие снежни топчиња се прават толку лесно. Преубави мали бомбици на кои сите ќе им се радуваат.

Потребно е:
18 какао колачиња (сендвич колачиња, од какао)
115 гр крем сирење
200 гр бело чоколадо
шарени трошки, за декорација

Подготовка:
– Колачињата ставете ги во сецко и миксајте ги додека да станат како трошки.

– Додадете го крем сирењето и миксајте додека да се оформи смеса.

– Од смесата вадете мали топчиња и од нив направете бомбици. Бомбиците ставете ги во тавче и ставете ги да се оладат во замрзнувач, најмалку 30 минути.

Снежни топчиња1.jpg

– На пареа, растопете го белото чоколадо со една лажица масло.

– По 30 минути, со помош на две вилушки, брцкајте ги топчињата во белото чоколадо и редете ги во тавче, овој пат обложено со хартија за печење.

Снежни топчиња2.jpg

– Веднаш, попрскајте ги со шарените трошки.

Снежни топчиња3.jpg

– Ставете ги во фрижидер за да се стврдне чоколадото.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска