Саудијки на судење за „тероризам“ затоа што возеле автомобил

Од:

На две жени од Саудиска Арабија кои се наоѓаат во притвор поради непочитување на забрана за управување со автомобил за понежниот пол, ќе им биде судено на суд за терористи.

Како што пренесе „ВВС“, Луџаин ал Хатлул (25) и Мајса ал Амуди (33) се во затвор речиси еден месец. Според некои мислења, тие не се притворени поради тоа што управувале со автомобили, туку поради некои коментари на социјалните мрежи.

Саудиска Арбија е единствената држава во светот во која им се забранува на жените да возат.

Всушност тоа само технички е нелегално, бидејќи само мажите можат да добијат возачка дозвола, па жените кои возат на јавни места ризикуваат да бидат казнети или приведени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ