Петта победа за МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа петтата победа во регионалната кошаркарска АБА лига. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ „штрковите“ славеа против Мега Лекс со 84:79 (26:23; 14:20; 21:17 и 23:19) во дуел со кој се комплетира 14.коло.

Најефикасни во домашниот тим беа Сеад Шеховиќ со 19 поени, повратникот Стефан Синовец реализира 17, Александар Цветковиќ 14. Во екипата на Мега најдобар беше Александар Мареља со 16 поени.

Претходно се одиграа другите натпревари од оваа рунда: Цедевита – Крка 100:75, Олимпија – Цибона 74:77, Партизан – Шолнок 62:55, Игокеа – Задар 71:56, Левски – Црвена звезда 58:99 и Металац – Будуќност 70:69.

Табела: Црвена звезда 14-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 10-4, Унион Олимпија 8-6, Цибона 8-6, Партизан 7-7, Крка 6-8, Мега Лекс 6-8, Задар 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје Аеродром 5-9 и Левски 1-13.
Следното коло се игра веќе в сабота. МЗТ гостува во Задар.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он