Даночните одделенија на УЈП со ново работно време

Од:

Од 1 јануари идната година даночните одделенија на УЈП во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

– Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму поотсетуваат дека продолженото работно време за регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура