Група граѓани, вечерва запалија свеќи пред Собранието по повод двегодишнината од, како што велат, убиството на демократијата, порачуваат дека отпорот не е мртов!
Меѓу нив беа и повеќе пратеници од претходниот парламентарен состав. Еден од нив, Јани Макрадули на својот ФБ профил меѓу другото напиша:
Јас не знам колку студенти имаше на 24.12.2012. Не знам и колку хонорарци беа на барикадите тоа утро. Но знам дека оваа власт не се менува ниту само со пратеници, ниту само со студенти или пак само хонорарци. Заедно сме посилни, заедно потешко ќе не замолчат, уште потешко оковаат. Не гледајте попреку никого во сопствената борба, не срамете се од 24.12, не гледајте со сомнеж кон тие што чекорат со Вас.
Не отфрлајте ги оние кои ја изгубиле битката но не се предаваат да ја добијат војната. Затоа што ова е борба за сите нас, а најмногу за иднината на тие после нас. Затоа завчера, и во петок, и во недела ја давам поддршката, минимум возвраќам за 24.12. а максимално ја подржувам Вашата борба. Верувам во нормална, демократска, непопулистичка Македонија. Македонија со еден придонес за здраво здравство, со една реформа за образовано образование, со медиуми кои анализираат, а не препишуваат со Bashkjetesë nëmes qytetarëve e jo nëmes ministrave (соживот меѓу луѓето, а не меѓу министрите).
Македонија во која мислата го победува стравот, индексот пасошот, а платата рекетот. Власта не можат да ја победат ниту само отпораши или само бургијаши, но денес моите сеќавања за црниот понеделник ќе ме поведат во 18 часот пред Собрание, денес моето место е таму за да ги споделам со нив моментите кога замре демократијата. Се гледаме пријатели, 24.12 не смее никогаш да се заборави!!!